Се полни...

EN err
МK err
err

Нашите вина.

Легендите зборуваат за Дионис, Богот на виното, и тие велат дека неговите најдобри вински подруми се наоѓаат во Струмичкиот регион. На истото Божество денес кај нас му се оддава почест преточена во празникот Св. Трифун на 14-ти февруари. За време на археолошките испитувања во оваа област, пронајдени се траги од дамнешни времиња за големо познавање и традиција за производство на вино во царството на Филип-II и Александар Велики Македонски. Во комбинација со најновата технологија, традиционалното старо знаење може да биде забележано во вкусот на добро воспоставениот карактер на нашите вина. Сите наши вина се богати со вкусови, моќни, дури и егзотични, тропски, чисти, живописни, овошни, со голема јачина, зачински, со индивидуален карактер, со допир на слаткост и можат да бидат конзумирани млади и свежи, како и стареени, кога станува уште позабележителна нивната комплексност.

broken broken
error

Стандардот.

error

error

Семејството.

error

error

Старата милја.

error

error

Летниот џез.

error

error

Нашата елеганција.

error

Нашиот мит.

error

Златниот отсјај.

error

error

Нашето најпрефинето.


Амфора
Вранец


Амфора
Розé


Амфора
Шардоне


Амфора
Каберне Совињон


Амфора
Кувé Бело


Амфора Мало
Вранец


Амфора Мало
Розé


Амфора Мало
Шардоне


Амфора Мало
Кувé Бело


Годзин
Мускат Црвен


Годзин
Темјаника


Годзин
Мускат Розé


Годзин Мало
Мускат Црвен


Годзин Мало
Темјаника


Годзин Мало
Мускат Розé


Тивер
Мерло


Тивер
Сирах


Тивер
Вранец


Тивер
Каберне Совињон


Тивер
Каберне Франк


Тивер Мало
Мерло


Тивер Мало
Вранец


Тивер Мало
Каберне Совињон


Астраион
Шардоне


Астраион
Р'кацители


Астраион
Совињон Блан


Астраион
Жупљанка


Астраион Мало
Шардоне


Астраион Мало
Совињон Блан


Астраион Мало
Жупљанка


Купидон
Шардоне


Купидон
Мускат Хамбург


Купидон
Жупљанка


Диониз
Мерло


Диониз
Вранец


Диониз
Сирах


Диониз
Каберне Совињон


Елегија
Шардоне


Елегија
Р'кацители


Елегија
Совињон Блан


Елегија
Траминер


Елегија Мало
Шардоне


Eлегија Мало
Совињон Блан


Елегија Мало
Траминер


Ар-Магедон
Кувé Барик


Шардоне Барик


Деви


Синтезис

error
error

Вино со полно тело и ароми на црвени темни овоштија, зачински/цветни и графитни ароми и прифатливи вкусови на црн бибер и зелена пиперка. При првиот мирис веднаш ве обзема чувство на црна, сочна цреша и земјени ноти. Нашата Амфора Каберне Совињон има нежно избалансирани танини и киселост, претставува едно комплксно повеќеслојно вино кое добро се комбинира со помрсна и зачинска храна, како печурки Строганоф, динстани ребра и плескавици со топено жолто сирење.

“...За љубовта божествена да разгласам,
старо вино црвено душава ми побара.
Од мерак со погача в раце да заиграм,
радост растреперена да излеам од амфора...„

Полу-суво вино со нежна, бледо-розова боја и карактеристики кои го прават особено атрактивно во палетата на нашите вина. Уште со првата голтка ќе Ве плени вкусот и аромата на шумска јагода, карамела, мед. Вино кое одлично се вклопува со сите десерти. се служи на температура од 10-12°C.

Вино со арома на крушка, јаболка, тропски и цитрусни овоштија. Нашата Амфора Шардоне е свежо извонредно вино со избалансирани киселини и слаткост кои јасно ја исполнуваат палатата. Одлично се комбинира со полу-меко козјо или кравјо сирење, пилешки или мисиркини гради, свинско, пастрмка и помрсни риби, ракчиња, школки, тиквички, сеитан, печурки и апетисани - особено бадеми. Се сервира добро изладено на температура од 9°C.

Вино во кое се испреплетени три различни сорти, секоја за себе носи посебна убавина на палета и на различни ароми и вкусови. Избалансираноста на киселините и алкохолот го прават ова вино питко и релаксирачко такашто е добар и вистински придружник на сите забави. Има нежна бледо-жолта боја, ароми на зелени јаболка, цитрусни овоштија, лимета, а во позадина се прелева нежна арома на путер. Оди во комбинација со риба, со сите типови на кашкавал и сирење, со пилешко подготвено на различни начини. се служи на температура од 8-12°C.

Ова рубин-црвено, деликатно, долготрајно и елегантно полусуво вино ги плени сите ваши сетила во моментот штом го допрете и вкусите. Прекрасно во својата младост и грациозно во своето стареење, со својата софистицирана хармонија и нежна сласт, со ароми на суво грозје проткаени со ноти од чајно дрво, мед и рози, неизбежно остава незаборавен печат. Ако го пиете ова вино од непровидна чаша добивате впечаток дека е бело, пребогато со типични мускатни ароми кои ја преплавуваат палатата. Одлично се комбинира со традиционални македонски десерти.

Нашата Темјаника е квалитетно, слаткасто, лесно, питко, мусктано, вариететно, многу ароматично вино кое има богата палета на ароми како: цвет од портокал, лушпа од портокал, суви и свежи кајсии, мед и рози. Специјално изработен да биде лесен за уживање, овој бел мускат долготрајно танцува на Вашата палата. Тони од цветни ноти со доволно вкусови и свежина за да не исчезнат во истата минута при проголтувањето. Перфектно избалансирано вино, најдобро послужено добро изладено и брзо конзумирано за да не ги изгуби најдобрите карактеристики со стоење во чашата. Ова е виното кое секоја пригода ја претвора во специјална.

Ова бакарно обоено вино има јасно дефинирана, интензива, ароматична, слатка и лесно препознатлива миризба на мускат. Невообичаено за повеќето вински сорти, мускатот всушност има вкус и арома на грозје. Речиси секогаш има нагласена слаткаста цветна арома и е лесно пенливо. Мускатното грозје како едно од најстарите домашни сорти има висока концентрација на антиоксиданси и флавоноиди во количини споредливи со многу од црвените сорти грозје. Тоа значи дека корисните ефекти од конзумирањето црвено вино се исто така присутни во мускатните вина. Ова прекрасно вино одлично се комбинира со традиционални македонски десерти.

Од падините на Огражден, ова гордо вино се карактеризира со многу селектирани ароми и вкусови. Длабоката румена боја е прекрасно искомбинирана со зрели овошни ноти на црна и црвена цреша, капина, црна дудинка, боровница и модра слива, заедно со нежните зеленчукови, земјени и цветни зачински подтонови дава прекрасен мозаик во кој се отсликува нашето поднебје. Вариететно, избалансирано, долготрајно, меко, овошно, мазно и кадифесто вино, со малку танини, со стабилна структура и длабочина на вкус. Мерлото е секогаш добра придружба за сите видови кулинарски специјалитети.

Романтично, богато, хармонично, зачинско вино со дабови ноти, сосема провидно на работ, прелевајќи се во темно-виолетово-црвена нијанса кон средината на чашата. Нуди овошни и зачински елементи кои го даваат полниот карактер од вкусови на грозјето од кое е направено. По декантирањето резултато е зголемување на природните вкусови на самото овоштие, со пријатна киселост, долготраен завршеток, со вкус на пиперка во комбинација со црна цреша, мед, јаткасти плодови и цимет, кои се развиваат со часови потоа. Одлична комбинација со сочен стек, телешко и други зачинети јадења. Се служи со голема чаша на температура од 20°C.

Вранец е стара сорта грозје којашто се смета за една од најраспространетите во Македонија, од која се добива суво црвено вино со уникатен вкус и карактер. Младото вино од овој регион има јасна, длабока виолетова боја и арома која обилува со тонови на црвено зрнесто овоштие и овошни џемови. Неговата јака танинска структура обезбедува свежина и дава богато чувство на деликатно и продорно вино. По година или две стареење, виолетовата боја се развива во интензивно темна рубин и во исто време се здобива со покомплексна арома која вклучува цимет, чоколадо, ликер, цветови, црни овоштија, зачини, па дури и нијанси на дабово дрво. Вкусот е суптилен, заокружен, полн, кој губејќи ја острината развива долг и префинет крај.

Одгледано во нашето виногорје со совршена комбинација на почвата, сонцето, водата и нежните допири на ветрот, ова фантастично, деликатесно вино со сјајни бои на темен рубин и виолетови преливи Ви нуди вистинско уживање. Вашето префинето сетило за Каберне може да ги почувствува издвоените ноти на пребогатата лепеза од овоштија, како црна рибизла, јагода, капина и боровинки. Вино коешто богато ја преполнува палатата со дарежливи слоеви на заводливите овошни ароми и дискретно-слаткастиот зачин на ванила. Одличната врамнотеженост на благи киселини и зрели танини, која со текот на времето го подобрува врвните карактеристики, ќе продолжи да го исполнува Вашето битие со возвишено задоволство.

Меко, одлично избалансирано црвено вино кое ретко се произведува како сортно. Обилува со билни и зачински ароми, ноти на сува слива, малина, црна цреша, ванила, кокос, црвена рибизла, тост, љубичица, печурка, земја и кедрово дрво. Одлично се комбинира со козјо сирење, пилешко, патка, лазања, пица Маргарита, мисиркино месо, како и јадења со зачини од рузмарин и нане. Се служи на температура од околу 15°С која се постигнува со ладење во фрижидер приближно 15 минтуи.

Во нашето виногорје созрева лесно и дава вино со полно тело, со ароми на јаболка, крушка, праска, кајсија, цитрусни и тропски овоштија и вкусови на ананас, банана, манго, гуава, киви... просторот на вашето искуство е неограничен. Малолактичката ферментација го прави меко со вкус на путер и цветен крем. Свежо, цветно, со еден збор - богато вино со што се објаснува неговата популарност. Лесно препознатливите, но тешко описливите деликатни ароми со својот раскош ја стивнуваат жедта на вашите страсти. Совршено одговара со едноставно подготвени јадења од морски плодови или пилешко.

Елегантно вино со интензивна жолто-зелена боја, нагласена минералност и избалансирани зачински вкусови. Свежите киселини ги засилуваат аромите на цитрусни лисја, зелено јаболко, лимета и петролејни тонови. Комплексното, богато, полно и хармонично тело дава долготраен крај. Препорачлив пијалок во придружба на ладно предјадење, морски плодови, особено за врелите сончеви денови во нашето поднебје.

Според верувањата, по потекло од Балканскиот регион, поточно од југоисточна Европа, нашиот Совињон Блан е всушност “дома“. Околу десеттиот век е саден во југозападна Франција, во регионот на Бордо, од каде и го добива името од sauvage - што значи див, и blanc - бел. Нашето вино, типично бледо зелено до сламенесто по боја, лесно е препознатливо по својот свеж тревнест мирис како лимонска треба, зачински вкус и ароматични тонови на зелена пиперка, маслинка, шпаргла или овошни ноти на лубеница, мандарина, ананас и јаболка. Питко, свежо, суво, меко и напредно, како верен пријател го поткрепува вкусот на доброто јадење.

Овие фантастични ароматични вина произведени од регионалната винска сорта Жупљанка, имаат сламено златно-жолта боја, релативно низок процент на алкохол, со свежи киселини, ароми на банана и цитрусни овоштија и нагласени минерали. Вкусовите кои долго траат потсеќаат на јаболка и лимета кои се повишуваат со освежувачката хармонија на полното тело. Ова деликатно вино претставува деликатесна придружба на јадењата од свежи морски плодови или оние подготвени од разновидниот зеленчук од нашето поднебје.

Првокласно вино подготвено на традиционален начин, со секундарна ферментација по флаширањенто, за кое време се создава јаглерод-диоксидот. Тој ги прави бисерните меурчиња што така волшебно и долготрајно стојат залепени на страните на ладната чашка. Создадено да даде акцент на секоја прослава и моментите за паметење, обилува со свежина која плени и може да бидде почувствувана долго време по првата голтка. Аромите што потсетуваат на свеж сос од јаболки, зрели крушки и тукушто печен леб неодоливо шармираат. Се служи добро изладено.

Првокласно пенливо вино произведено од едногодишна берба и подготвено според традиционална метода. Пијалок кој ја буди душата, искреиран постепено во долготраен едногодишен процес само за една единствена цел - да стави акцент на секоја прослава и да биде дел од светите мигови во животот. Обилува со свежина што плени и може да биде почувствувана уште долго време после првата голтка. Највпечатливото нешто се јаките мускатни ароми испреплетени со сладок цветен мирис и есенција на зрели јагоди, капини и рибизли. Најдобро се послужува добро изладено.

Она што ја дава пенливата природа на тукушто отвореното вино е втората ферментација која се случува после флаширањето, а која е всушност процес за време на кој поголемиот дел од јаглеродниот диоксид се формира во ова одлично вино од едногодишна берба. Како акцент на секоја прослава и дел од сите гламурозни моменти, поседува неизбежно заводлива свежина која трае долго после првата голтка. Најзначајните нешта што би требало да се забележат се јакиот вкус на квасци и јаткасти плодови, испреплетен со зрели плодови кои се прелеваат низ палатата, и сето тоа збогатено уште со цветни мириси, есенција на зрела банана, крем и ванила на совршениот завршеток. Најдобро е да се служи добро изладено.

Ова фантастично Мерло отвара битка со својата длабока, сјајна боја и со прекрасниот микс од овоштија, од кои повеќето со црн карактер. Црна цреша и капина и сосема малку препознатлив црн бибер ја исполнуваат палатата. Средината покажува значителна комплексност поткрепена со диви цреши кои даваат свежина. Зрелоста на овоштијата искомбинирана со заокружените танини го збогатува задниот дел од палатата и создава бесконечно повторување.

Ова вино, со способност да ги плени сите сетила, е добиено од истоимената сорта, одгледувана на приватните насади на винаријата Далвина. Се одликува со интензивна рубин-црвена боја со виолетови нијанси. Има комплексна арома која потсетува на пасирана слива во комбинација со свежо дрво и нијанси на печено кафе. Вкусот е богат, полн, хармоничен, со одлична структура и изразена долготрајна овошност.

Ова многу елегантно и деликатно изработено вино, носи необични доживувања во вашето сетило за мирис. Свежо подсушена трева, чоколадо и траг од Арапски ментол следат по преливањето на вашата палата со богати и слатки црвени вкусови. Црвената рибизла и малината се истакнуваат. Пријатниот баланс помеѓу лесната елеганција на свежите овоштија и траговите од бел бибер водат кон бескраен завршеток.

Ова моќно Каберне обилува со нагласени овоштија, есенски лисја и кедрово дрво. Црната рибизла и аронијата се чувствуваат зрели и свиленкасти, додека црната цреша во позадината придонесува за величенствената комплексност. Завршетокот е окарактеризиран со аромите на мока и какао.

Произведено и транспортирано со особено внимание од сопствени лозови насади. Вино со нежна, сламено-жолта боја, комплексна арома изградена од цитрусни овоштија и искомбинирана со кремасти подноти на путер. Вкусот е полн, заокружен со фин долг завршеток. Совршено се комбинира со свежи салати, риба, бело месо, тестенини, младо сирење и сушени овошки. Идеална температура за сервирање е 8 до 12°С.

Грижливо собрано и транспортирано директно од нашите лозови насади. Софистицирано вино со светла, зеленкасто-жолта боја и овошна палета од интензивни ароми, како и дискретни билни и зачински подтонови. Вкусот е полн, хармоничен, со изразено тело и долготраен послевкус. Идеално сервирано на температура од 8 до 12°С претставува неизбежен партнер на свежите салати, риба, бели меса, тестенини, младо сирење и сушените овоштија.

Произведено и транспортирано со особено внимание од сопствени лозови насади. Виното го карактеризира зеленкасто-жолта боја, а аромите се со изразено билно-овошни ноти на цитруси и папрат. Вкусот е заситен со хармонија, мекост и е елегантно заокружен, со фин долг завршеток. Совршено се комбинира со свежи салати, риба, бело месо, тестенини, младо сирење и сушени овошки. Идеална температура на сервирање е 8 до 12°С.

Произведено и транспортирано со особено внимание од сопствени лозови насади. Виноп окарактеризирано со светла зеленкасто-жолта боја и нежед отсјај на лимета. Ароматично, со овошни и зачински ноти на мед, кора од портокал, боровинки и полна палета од цитрусни овоштија. Вкусот дава избалансирано чувство со блага полност и свеж, импресивен после-вкус. Идеална температура за сервирање е 8 до 12°С. Непогрешливо се комбинира со свежи салати, риба, бело месо, тестенини, младо сирење и сушени овошки.

Ова розе вино е произведено исклучиво од сортата Сирах. Има брилијантна рубин боја и обилува со ноти од црвени зрнести овоштија, хибискус и зачински траги. Интензивните овошни ароми на јагода и малина се воодушевувачки. Вкусот е средно-полн, со хармонија која носи право уживање, заокружен со фин, слаткаст, овошен завршеток. Розето од Сирах се служи малку потопло од температурите на разладувачите во чаши за црвено вино. Совршено се комбинира со десерти како торти со сирење, кадаиф, суви урми, но изненадувачки добро оди и со лути пиперчиња или пица со феферонки.

Прекрасна комбинација од нашиот деликатен и ароматичен Вранец, богатото долготрајно Каберне и постојаното, напредно Мерло. Ар-Магедон е вино кое плени со својата хармонија и незаборавни карактеристики. Одлежано 12 месеци во професионално изработени дабови буриња станува примамлив извор на сетилно задоволство. Темно црвено-виолетовата боја поддржана со јака, но не груба танинска структура овозможува да трае десетици години. Одлично се комбинира со различни видови домашни специјалитети.

Првокласно вино со забележителна чистота на овошните ароми на праска, киви, капки лимон и со многу пријатна минералност. Стареењето во висококвалитетни дабови буриња на ова вино му дава можност да трае и повеќе од 10 години, да зрее и да го продолжи својот совршен развиток во шише, а притоа да не ја изгуби својата свежина и квалитет. Како што времето одминува, ова Шардоне барик развива нагласена арома на коњак, полно тело и избалансирани овошни ноти. Многу атрактивно вино кое перфектно се вклопува во сечиј вкус.

Деви е десертно вино од доцна берба коешто пружа квалитет на десерт, со карактеристична слаткост на ледено вино. Во неговите ароми се насетуваат зачини и билки, особено овошни слатки и суптилни, но бујни ароми на зрели малини и рибизли, сочни јаготки, суви јаболка, цимет, темни цреши, нежно присуство на смоква со тенденција да се додадат вкусови на црни бобинки и уште малку зачини. Ова несекојдневно слатко, темно-црвено вино наметнува сериозна слаткост на палатата. Под превезот на џемот од слива се провлекува топол карамел кој му дава посебен карактер. Најчесто се користи како аперитив, а понекогаш и во комбинирани пијалоци. Добра придружба е на чоколадни десерти, свежо овоштие и пита со ореви или ореовки.

Прекрасна комбинација од нашиот деликатен и ароматичен Вранец, богатото долготрајно Каберне и постојаното, напредно Мерло. Синтезис е вино кое плени со својата хармонија и незаборавни карактеристики. Одлежано 12 месеци во професионално изработени дабови буриња станува примамлив извор на сетилно задоволство. Темно црвено-виолетовата боја поддржана со јака, но не груба танинска структура овозможува да трае десетици години. Одлично се комбинира со различни видови домашни специјалитети.

Сајтот константно се надградува. Благодариме за вашето разбирање.
Error.

Следете не на Facebook

error

© Далвина Винарија, с. Хамзали, 2431 Босилово, Македонија

Контакт:

Продажен оддел:

sales@dalvina.com.mk

contact@dalvina.com.mk

Lокација:

Франклин Рузвелт 22

1000 Скопје, Македонија